На 34 километри од градот Ресен, на надморска височина од 1026 метри, сместено во подножјето на Баба Планина, на само неколку стотини метри од Преспанското езеро, селото Долно Дупени е вистински рај за оние кои што сакаат да се одморат од градските гужви. Уште додека се движите кон селото може да го почувствувате опојниот мирис на преспанската јаболка, на пченица и пченката. Туризмот во селото е во постојан раст. За тоа многу помогна и модерно уредената плажа „Дупени Бич“.Недалеку од селото, на 2 километри е месноста Маркова Нога која е најјужната точка во Република Македонија и во која се наоѓа познатата плажа Дупени Бич. Направена од ситен песок, плажата се наоѓа на само неколку стотини метри од селото и е вистинска атракција за туристите. Плажата за многумина е вистинска причина поради која луѓето се одлучуваат да го посетат селото. Жителите ја нарекуваат и „плажа на вљубените“ е опремена со сламени чадори, дрвени маси и столчиња и терен за одбојка, а од кафулето може да се гледа прекрасното зајдисонце.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

 

 

Moжеби ќе ве интересира

—————-