Манастирот „Света Богородица“ познат како сливничкиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа од околу 3 километри одалеченост од селото Сливница во густата листопадна шума на падините на Баба Планина.  Во комплексот има 20 конаци со 90 легла во кои за време на летото одат верници и таму преспиваат. Сливничкиот манастир е под водство на Преспанско-пелагониската епархија и е доста привлечен за домашните и странски туристи. Во манастрскиот комплекс има црква „Рождество на Пресвета Богородица“  која била посветена на Богородица.Истата е поставена на правоаголна основа на која на западниот дел од внатрешноста на црквата има натпис дека била изградена 1607 година. Прекрасните фрескописи се изработени од земјена боја, со зачуван живопис со стилски карактеристики на македонското зидно сликарство од 17 век. Поради специфичната камена градба манастирот е заштитен како културно историски споменик и спаѓа под републичкиот завод за заштита на споменици од културата. Во дворот на манастирскиот комплекс има чешма со лековита вода за која се верува дека е света и дека лечи од болести како и помага за пород. Водата се смета дека извира под манастирската црква. Лековитата вода им помогнала на повеќе брачни двојки кои подолго време биле во брак а немале деца.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Moжеби ќе ве интересира

—————-