Доколку сте љубител на птици а ја посетувате Преспа, не смеете да ја пропуштите шансата да го посетите орнитолошкиот резерват Езерани. Овој простор е еден од исклучителните простори со сочувани исклучителни вредности во светот. Во орнтитолошкиот резервоар Езерани има од окулу 260 видови птици од кои од окулу 100 спаѓаат во водните видови. Во овој резерват има прилично висок процент на видови на птици земајќи го во предвид вкупниот број на видови на птици кои постојат во Р. Македонија кој изнесува окулу 320 видови на птици. Во резерватот е поставена куќичка, од која може да се набљудуваат стаништата на птиците, летот над езерото нивниот живот во езерото и крај езерото без да се наруши природната рамнотежа од посетителите. Населението кое живее во околината е информирано за протегањето на резерватот и коректно се однесува кон неговото постоење. Просторот е поделен на три зони од кои во првата зона која литоралниот дел од крајбрежјето забранет е риболов, движење на луѓе копање песок и слично. Поопширни информации за орнитолошкиот резерват Езерани може да се добијатат во селото Асамати во информативниот и истражувачки центар кој е сместен во селскиот задружен дом.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Moжеби ќе ве интересира

—————-