Ресенскиот Сарај е изграден во неокласичен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од XX век. Ресенскиот сарај бил изграден од страна на еден од водачите на младотурската револуција, Ахмед Нијази-бег. Ахмед Нијази-бег примил разгледница од негов пријател од Париз со слика од некоја Париски замок од кој многу се воодушевил. Ресенскиот бег решил да го изграде сарајот и да живее во него. Нијази-бег бил член на битолскиот комитет  „Единство и прогрес“ и видно лице меѓу младотурците во Македонија. Со неговото одметнување во планина на 3 јули 1908 година почнала Младотурската револуција. За неговата изградба биле ангажирани најдобрите мајстори од битолскиот регион. Нијазит Бег при повлекувањето од Македонија со својата  војска бил застрелан во Албанија. Сарајот во Ресен денеска е дом на култура „Драги Тозија“ и е место каде се одржуваат најголемиот број од културните манифестации во Ресен. Во него се изложени експонати кои се карактеристични за Преспа: чунови, икони, грнчарски предмети и археолошки артефакти, а исто така во просториите на сарајот може да разгледате некои од ремекделата на сликарката Кераца Висулчева.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Moжеби ќе ве интересира

—————-