Спомен куќата на Христо Татарчев е сместана во центарот на Ресен, куќата е изградена на местото кај што била првобитната куќа на Христо Татарчев. Спомен куќата е украсена со оригинални предмети од куќата на Татарчеви од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, исто така е изложена и музејска поставка која преку восочни фигури, предмети и сликарски композиции ги бележи значајните историски моменти на Македонската Револуционерна организација како и револуционерните активности кои ги превземале четите од овој регион.Христо Татрчев е роден на 16 декември 1869 во Ресен во богато трговско семејство. Завршил гимназија во Пловдив,и потоа завршил медицина во Берлин и Цирих. Христо Татарчев е еден од основачите на Македонската револуционерна организација и прв претседател на Централниот Комитет. Негов брат е Михаил Татарчев и во роднинска врска е со Божидар Татарчев, кои исто така биле револуционери во Македонската револуционерна организација.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Moжеби ќе ве интересира

—————-