1. МЕСТОПОЛОЖБА И ЛОКАЦИЈА НА АВТОКАМПОТ

Автокампот е лоциран  на западната страна на брегот на Преспанското Езеро, во увалата на подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 855 метри, на КП.бр.44,  КП.бр.46,  КП.бр.47 во КО Отешево.

На источната страна автокампот се протега до самиот брег на Преспанското Езеро, а на западната страна (во должина од околу 800м), гранични со патниот појас на Регионалниот пат Р-503 (Макази –Стење-Граничен премин кон Р.Албанија).

Автокампот е одалечен 17км  од градот Ресен, а околу 45 км е одалечен од двата соседни градови: Битола каде е поврзан со железницата, и Охрид преку кој се поврзува со аеродромот.

2. ОСНОВНА ДЕЈНОСТ НА АВТОКАМПОТ

Основната  дејност на автокампот е:

  • прием и сместување на гости во сопствените капацитети  вили-бунгалови,  и камп-приколки.
  • прием и сместување на кампери со сопствени камп-приколки и авто-приколки, трајлери, шатори  и друг вид на камперско сместување,
  • давање на сите видови камперски  услуги.
3. КАПАЦИТЕТ И ОПРЕМЕНОСТ НА АВТОКАМПОТ

      Автокампот располага со следниве капацитети во своја сопственост:

  • 15 вили-бунгалови, сите опремени со хотелска опрема, со посебно WC ,и туш-; мини кујна (со фрижидер, мини-шпорет и инвентар за кујната) и пространа тераса, и соба со три + 1 лежај.
  • 3(три) јавни садоперални за миење садови за потребите на камперите на Автокампот, со над 15 единечни места за миење садови;
  • 3(три) санитарни чворови, секој посебно опремен со по 8 кабини односно 24 WC кабини; и  5 купатила со туш;
  • 100 асфалтни  локации за кампирање на автоприколки, камп-приколки, трајлери,
  • над 200 тревнати локации за кампирање на шатори и камп-приколки,
  • интерна патна инфраструктура–асфалт, во површина од 800 м2.
  • продавница –самопослуга за прехрамбени продукти.
  • магацински простор за потрбите на автокампот,
  • рецепција за прием и обслужување на гостите,
  • летна бавча,
  • административен деловен простор за потребите на фирмата,
  • перална за потрбите на фирмата и гостите,
  • сончеви колектори за производство на топла вода за гостите
  • зелено пазарче за продажба на земјоделски прехрамбени производи.
  • водовод – мрежа согласно ISO – стандардите
  • канализациона мрежа за прибирање на сите санитарните отпадни води,
  • пречистителна станица за преработка на сите отпадни води.
  • сопствено улично осветлување низ целиот автокамп со 40 канделабри.
  • електричнно-инсталациона мрежа со 25 ел. ормари-сандачиња за приклучување и напојување на камперите и камп-приколките
  • посебен пристап и паркинг за чамци, глисери и други пловни објекти.
  • игралиште за мал фудбал на трева,
  • игралиште за одбојка на песок
  • адаптирано баскет-игралиште,
  • забавен парк – лулашки, нишалки , тобоганче, крлешки и сл.
  • автокампот е хортикултурно уреден,
  • сопствена плажа пред самиот Автокамп.
4. ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во близина на автокампот не постојат никакви загадувачи на воздухот и почвата, што го прават овој простор чист, незагаден, богат со озон и други природни благородни гасови кои здравствено благопријатно делуваат на животот и здравјето на луѓето, па од тие причини овој простор е наречен ,,воздушна бања,, или природни ,,бели дробови,, ,  и претставува природно лечиште од астма и други заболувања на белодробно-респираторниот систем.

На ова подрачје се осеќа продор на умерено топол воздух со медитерански карактеристики, што придонесува за благопријатни топли зими, и осетно свежи ноќи за време на летниот период.

Заради  заштита и унапредување на животната средина имаме превземено повеќе мерки и активности и тоа:

  • Оградување на просторот на Автокампот со метални столбчина и поцинкована плетена мрежа,
  • Рационално управување со отпадот преку негово собирање, сортирање и транспорт на депонија во соработка со општинското комуналното претрпијатие.
  • Хортикултурно уредување на просторот на Автокампот, озеленување на целиот простор, засадување на украсни садници и повеќегодишни ружи, дрвореди и сенки на плажа, пред и околу  камперските локации за кампирање и интерните патишта во автокампот,
  • Рационално искористување на водата за пиење и одржување на хигиената во јавните санитарни и услужни објекти.
  • Преработка и прочистување на сите отпадни води во Пречистителна станица  за отпадни   води.
  • Јавни чешми за лична хигиена  со  здрава вода за пиење  и сл.
5. ПОДАТОЦИ ЗА УПРАВИТЕЛОТ  НА АВТОКАМПОТ И ВРАБОТЕНИТЕ

Со фирмата ТД,,ЕВРОПА 2002,,ДОО Отешево менаџира управителот Стојчевски Симе, кој има завршено Правен факултет и положен правосуден испит, и завршени пост-дипломски студии на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Шефот на Автокампот има завршено Факултет за туризам и угостителство во Охрид, а останатите вработени имаат завршено средно образование со над 20 години работно искуство во континуитет (на работни места) токму во овој Автокамп.

6. НАЗИВ  И СЕДИШТЕ НА АВТОКАМПОТ

Автокампот работи во состав на фирмата Трговско друштво за промет, угостителство, туризам и агенциски услуги „ЕВРОПА 2002“ДОО Отешево – Ресен, а работи под назив: ***АВТОКАМП  ОТЕШЕВО***  со седиште во Туристичка населба во Отешево  б.б. – Ресен.

     е-mail:    autokamp.otesevo@ hotmail.com.         

     Мобил:  070 20 72 59 ;    047 52 96 52 :     070 86 56 40

7. КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА АВТОКАМПОТ

Нашиот Автокамп е категоризиран како автокамп кој што ги исполнува условите и критериумите што ги бара најголемото здружение на автокампови во Европа  ADAC  – од Германија, кој што вршеа двогодишен надзор на нашето работење во 2010 и 2011 година,  и отогаш па се до денес го задржавне тој позитивен тренд, и секоја година го добиваме тој беџ за исполнети критериуми на ADAC -2016. 

 

ЦЕНОВНИК ** 2 0 1 6 **

Дневен закуп на бунгалов-вила  …………………………… 950 ден.

Дневен закуп на камп-приколка  …………………………… 590 ден.

Месечен закуп на камп-приколка…………………………14.000 ден.

Дневен закуп локација за камп-приколка …………….  300 ден.

Дневен закуп на плац за шатор………………………………  200 ден.

Дневна такса за приклучок на светло   …………………… 100 ден.

Дневна такса за паркирање автомобил  ………………….  100 ден.

Дневна такса за паркирање авто-бус………………………  300 ден.

Дневна такса за приклучок на ел. енергија……………. 100 ден.

Mесечна такса за паркирање чамец………………………….900 ден.

Дневна такса за паркирање чамец . ………………………….100 ден.

Дневна такса за кампирање возрасни……………………….100 ден.

Дневна такса за кампирање на дете до 14 г………………..60 ден.

Туристичка -такса за престој ………………………………………………..……...40 ден.

 

ГОДИШЕН   ПАУШАЛ за ЛОКАЦИЈА за 2016 год.

Лежарина за капм-приколка за користење локација  до 16 м2 ……………17.192 ден.

Лежарина за капм-приколка за користење локација  16 м2  29 м2…21.582 ден.

Лежарина за капм-приколка за користење локација 30 м2  40 м2 ..25.606 ден.

Годишен паушал за засебен приклучок за вода за пиење……….1.860 денари +  ДДВ.

Сталните кампери  плаќаат ел. енергија според потрошокот измерен на контролно елек. броило кое ќе го постават,  по тековна цена утврдена од  ЕVN Македонија.

Kамперите што нема да постават контролно ел.броило  должни се да плаќаат месечен

паушал од 55 EUR во денарска противвредност.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

 

Moжеби ќе ве интересира

—————-