Хотелот РОТ се наоѓа на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Грција и Република Албанија, во најужното населено место во Република Македонија, селото Коњско. Коњско се наоѓа на брегот на Преспанското езеро и е најблиско населено место до единствениот македонски остров Голем град. Најблизок град е Ресен оддалечен 23 километри од Коњско.

Хотелот РОТ почнува да се гради на почетокот на 2000 година а официјално е отворен за гости во јуни 2012 година. Сместен е на самиот брег на преспанско езеро со сопствена плажа. Во склоп на хотелот работи ресторан со сопствена кујна кој располага со прекрасни тераси со незаборавен поглед. Сместувачкиот капацитет го сочинуваат 7 соби со можност за престој од 16-20 гости.

Хотел РОТ на своите ценети гости им нуди најквалитетна храна од македонската национална кујна а посебно ги препорачува специјалитетите карактеристични за преспанскиот крај и селото Коњско како Циронката, Ѓомлезе, Крап на преспански начин, Растурен крап и многу други.

Сместувањето на гостите е во двокреветни соби најсовремено опремени според европските стандарди. Хотел РОТ нуди и организира посета со чамци на островот Голем Град.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Контакт

Адреса: Хотел Рот с.Коњско, Преспа-Р.Македонија

Телефон: 00 389 77 513 515; 00 389 75 240 691

e-mail: hotelrot@yahoo.com

Moжеби ќе ве интересира

—————-