Етнолошкиот музеј се наоѓа во селото Подмочани и истиот е во приватна сопственост на колекционерот Јоне Ефтимовски. Етнозбирката во музејот содржи окулу 3.000 етнолошки експонати од кои премероци од накит, стари монети, оружје, над 160 народни носии од различни региони во Македонија и слично. Ова етнолошко богаство Јоне го стекнувал окулу 40 години во кои патувал во сите делови од Македонија со цел да собира етнолошки вредности кои се врежани во историјата на Македонскиот народ.

     Дворот од музејот е исполнет со најразлични предмети кои во минатото се користеле во домаќинствата, додека пак во внатрешноста на Музејот можете да погледнете македонски народни носии, албански, турски, ромски како и други носии и предмети од македонскиот фолклор. Влезницата во музејот се наплаќа едно евро по посетител.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Moжеби ќе ве интересира

—————-