Ресенската керамичка колонија е формирана во 1973 година во градот Ресен каде што грнчарството се смета за богато културно наследство и каде што овој занает  се пренесувал од колено на колено низ генерациите. Низ ателјето на Колонијата во Отешево, повеќе од 200 керамичари од целиот свет (Македонија, Бугарија, Албанија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Црнагора, Словенија, Италија, Швајцарија, Франција, Германија, Романија, Украина, Унгарија, Јужна Африка, Јужна Каролина, Тексас, Аљаска, холандија, Данска, Нов Зеланд, Јужна Кореа……),оставиле над 1000 дела, од кои повеќе од 400 се во постојана поставка на Галеријата на современа керамика во зградата Сарај, во Ресен.

     Во 1993 година, колонијата прерасна  во меѓународна ликовна манифестација што ја внесе во семејството на престижни универзитетски центри, музеи, институции, галерии, културни центри и списанија во Европа и светот. Се организираа изложби  во земјава и надвор од неа.

     Во 2000 година, Ресенската керамичка колонија стана рамноправна Членка на Меѓународната академија за керамика при УНЕСКО, со уште осум елитни професионални асоцијации од целиот свет. Тоа овозможи гласот за скапоцента збирка и творечките активности на Керамичката колонија да стигне до сите континенти на земјината топка.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Moжеби ќе ве интересира

—————-