Општина Ресен 16 пат ја организира манифестацијата „Преспански јаболкобер“ која и годинава ќе опфати активности од областа на земјоделството, културата, туризмот, уметноста и спортот. Традиционалниот настан ќе се одржи од 23 до 27 септември на неколку локации, а главните музички настани се закажани на градскиот плоштад.

Првиот фестивалски ден е резервиран за познати фолк-изведувачи, а концерти под отворено небо ќе имаат Елена Велевска, Ефто Пупиновски и Миле Kузмановски. На втората поп-вечер публиката ќе ужива во рефрените на Даниел Kајмакоски, Тања Царовска и групата „Суперхикс“, а последниот ден на програмата се настапите на фолклорните групи „Kардашлик“, „Илинден“ и „Таше Милошевски“. Водител на шоуто ќе биде популарниот стендап-комичар Марјан Ѓорѓиевски.

Манифестација „Преспански јаболкобер“ е поврзана со празнувањето на православниот христијански празник Kрстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.

Moжеби ќе ве интересира

—————-