Селото е сместено на околу 2 километри источно од Преспанското Езеро, во една од западните пазуви на планината Баба, во долниот тек на живописната долина на Брајчинска река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 920 метри.

Низ атарот на селото тече Брајчинска река кај љубанци позната и по името „Стара Река“), водоносна, брза и бистра, никогаш не пресушува. На нејзиниот јаз кој минува низ селото, до годините на Илинденскоо востание работеле 16 воденици, две валалници и девет казани за варење ракија.

За разлика од повеќето преспански села, во права смисла на зборот Љубојно е село од собран, дури збиен тип, со околу 350 куќи, градени наблиску или меѓусебно поврзани и правилно распоредени од двете страни на јасно создадените и делумно асфалтираните улици. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони. Двориштата во кои се наоѓаат останатите стопански објекти (тремови, штали, плевни, магацини, гаражи, фурни, бунари, гумна, и сл.) главно се оградени со високи авлии и широки порти. Денес, се обновуваат старите, но се градат и нови современи куќи. Селото Љубојно носи карактеристики на мала градска населба.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

 

 

Moжеби ќе ве интересира

—————-