Вила Раскрсница – Брајчино

Вила Раскрсница Брајчино се наоѓа во подножјето на планината Баба со својот прекрасен врв Пелистер во Преспанскиот регион. Со надморска височина од 1100 м. Таа претставува прекрасна воздушна бања. Вилата има капацитет од 5 соби, секоја од нив има сопствено купатило. Гостите кои престојуваат во Вила Раскрсница може да собираат зеленчук од еколошка градина доколку сакаат подготовка на свежа и здрава салата. Оваа неверојатна сценографија создава слика на бајка и правигостите да се чувствуваат позитивни, опуштени и весели. Дишењето чист и свеж воздух, во комбинација со храна од домашно производство ќе биде невидено искуство. Резервации може да се направат само однапред. Сето ова може да се најде во селото Брајчино, кое се наоѓа на 6 км од Преспанското Езеро и 70 км од Аеродромот “Св Апостол Павле “- Охрид.

Контакт за резервации

075 796 796

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Брајчино

Селото е сместено на источниот дел од Преспанското Езеро, во една од подлабоките западни пазуви на планината Баба, во средишниот дел на живописната Брајчинска Река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 1000 метри.

Брајчино се наоѓа во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Ресен, чиј атар се издигнува до југозападниот срт на планината Баба, каде што се допира со атарот на Општина Битола, како и со државната линија на јужниот сосед. Се наоѓа 6 километри од езерото, а на 32 километри оддалеченост од градот Ресен.

Брајчино се граничи со следниве села: со Штрбово и Арвати на север, со подрачјето на Општина Битола (во тој склоп со селата: Нижеполе, Злокуќани, Острец, Граешница и Кишава) на исток, со селото Долно Дупени и територијата на Грција (во тој склоп со селото Герман) на југ и со селото Љубојно на запад.

Во областа Преспа, Брајчино има најголем селски атар. Се простира на површина од 6028 хектари (околу 60,28 км²) и безмалку зафаќа исклучително ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна и иглолисна шума (даб, бука, јавор, јасен, бор, ела, смрека и др.) и тревнати пасишта.

Низ селото тече бистрата и бујна Брајчинска Река, која го дели селото на Горно Маало од нејзината лева страна и Долно Маало на нејзиниот десен брег. Атарот на Брајчино изобилува со извори и брзи бистри водотеци (леви и десни притоки на Брајчинска Река или Стара Река, како што ја нарекуваат мештаните) на која некогаш во селото работеле 12 воденици и 4 валалници.

Брајчино е село од собран тип, со стари и нови куќи, сите на кат, градени од камен, а поновите од блок-тула, покриени со ќерамиди. Околу куќите постојат дворни места во кои се изградени стопанските и други објекти (плевни, штали, тремови, гумна, гаражи, магацини, фурни и др.), а во некои постојат зеленчукови и овошни градини. Поголем број од постарите куќи се обновени, а се изградени и нови.

Планинските падини околу Брајчино изобилуваат со густа букова и дабова шума, а од самото село почнувајќи од ширината на игралиштето пред Горното Маало водат неколку обележани планинарски патеки кои низ густата букова, дабова и ореова шума богата со извори водат кон врвот Пелистер (3 часа) и Големото Езеро од Пелистерски Очи (6 часа), планинарските домови Неолица и Копанки и селото Нижеполе во Битолско, кои се обележани со патоказни табли и планинарско обележување (маркација).

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Љубојно

Селото е сместено на околу 2 километри источно од Преспанското Езеро, во една од западните пазуви на планината Баба, во долниот тек на живописната долина на Брајчинска река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 920 метри.

Низ атарот на селото тече Брајчинска река кај љубанци позната и по името „Стара Река“), водоносна, брза и бистра, никогаш не пресушува. На нејзиниот јаз кој минува низ селото, до годините на Илинденскоо востание работеле 16 воденици, две валалници и девет казани за варење ракија.

За разлика од повеќето преспански села, во права смисла на зборот Љубојно е село од собран, дури збиен тип, со околу 350 куќи, градени наблиску или меѓусебно поврзани и правилно распоредени од двете страни на јасно создадените и делумно асфалтираните улици. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони. Двориштата во кои се наоѓаат останатите стопански објекти (тремови, штали, плевни, магацини, гаражи, фурни, бунари, гумна, и сл.) главно се оградени со високи авлии и широки порти. Денес, се обновуваат старите, но се градат и нови современи куќи. Селото Љубојно носи карактеристики на мала градска населба.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

 

 

Арвати

Доколку посакувате мирен одмор, доколку сакате да уживате во чистиот воздух, да ја избегнете градската врева идеално место за вас е селото Арвати.

img_2254Арвати е село со популација од окулу 150 жители и е одалечено окулу 20 километри од градот Ресен. Најблиската песочна плажа која можете да ја посетете е плажата во близина на селото Крани која е одалечена од окулу 4 километри од Арвати. Ова место е погодно за посетителите кои сакаат да си поминат мирен, релаксирачки одмор и да уживаат во природната убавина. Во селото исто така можете да погледнете стари македонски градби кои сеуште се во добра форма и исто така во селото можете да го посетете ресторанот кај што можете да ги вкусите македонските традиционални јадења.

 

 

 

Локација

 

Крани

Селото Крани се  наоѓа на 1130 метри надморска височина и е одалечечено 20 километри од градот Ресен. Селото има популација од 416 жители од кои поголемиот дел од селото се занимаваат со овоштарство односно со одгледување на јаболка. На 2 километри одалеченост од селото се наоѓа прекрасна песочна плажа која е една од најубавите плажи во овој регион и истата е многу привлечна за домашните и странските туристи. Плажата е одалечена окулу 100 метри од Автокампот Крани кој преставува сместувачки капацитет и располага со ресторан каде што можете да ја вкусите храната од Преспанска кујна.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Ресторан Манастир – Јанковец

Во близина на Манастирот св.Богородица во населбата Јанковец (Ресен) се наоѓа Ресторанот „Манастир“. Опколен е со неверојатна природна убавина која му овозможува на човекот релаксација и пријатен амбиент. Тој е изграден во 1982г. И од тогаш ги краси овие простории и им овозможува доста среќни и незаборавни моменти. Дизајниран е во склоп на традицијата и модерното време. Тоа што го прави посебен и карактеристичен е фактот дека храната е направена од врвни мајстори и е обезбеден со највисоки светски и европски стандарди. Цените се поволни а самиот квалитет на храната е многу висок.

Near the Monastery saint Mary in the village Jankovec (Resen) is located restaurant “Monastery”. It is surrounded with incredible natural beauty which allows relaxation and a pleasant ambient. It was built in the year of
1982 and since then it adorns these facilities and allows a lot of happy and unforgettable moments. It is designed based on the tradition and modern time. That makes it special and the fact is characteristic because the food
is made by master chefs and it provides the highest international and European standards, prices are reasonable and the food quality is very high.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Црква св. Ѓорѓи – с. Курбиново

      Во подножјето на Баба Планина на окулу три километри над селото Курбиново се наоѓа црквата св. Ѓорѓи која се смета дека е изградена во 1991 година што може да се каже од написот над олтарот. За тоа време претрпела повеќе оштетување од кои и за нијанса го променила изгледот. Оваа Црква припаѓа под преспанско пелагониската епархија.

    Фасадите на црквата се изработени на специфичен начин кој е денеска видлив на долните делови од зидовите. Црквата била изградена во времето на владеењето на Комненовците со Византија, кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви. Но Курбиново се одликува повеќе со живописот одколку со архитектурата. Фреските се едни од најубавите и најдобро сочувани што од тој временски период допираат до нас. Мајсторите на творештвото се непознати но се знае дека преставува надоврзување на нерешките мајстори.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Стење

     Селото Стење се наоѓа на на надморска височина од 855 метри. Стење се наоѓа во близина на граничниот премин со Албанија, на западниот брег на Преспанското езеро. Стење е одалечено 23 километри западно од градот Ресен. Жителите на ова село во главно се занимаваат со земјоделство, одгледуваат јаболка, дел се занимаваат со риболов и слично. Во близина се наоѓа и село Коњско, последно од македонска страна сместено на тромеѓето. Од Коњско за многу кратко време со чамец може да се стаса до островот Голем Град. Жителите на ова село сметаат дека нивното село името го добило по стените кои го надвисувале на неговата првобитна локација. Селото Стење изобилува со повеќе ресторани,кафетерии и барови каде што можат да се вкусат повеќе преспански специјалитети и исто така се организираат летни забави кои се привлечни за младата популација. На неколку километри одалеченост од Стење, во карпите гостите можат да ја видат фреската насвета Петка.  Жителите раскажуваат дека  фреската е таму многу долго време, а се верува дека ја поставил рибар. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала истата. На тоа место тој поставил икона од светицата што го спасила.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Сливница

     Сливница се наоѓа на надморска височина од 940 метри во југоисточниот дел на Преспанската котлина. Од градот Ресен селото е одалечено 16 километри, а од градот Битола е одалечено 45 километри. Низ селото и во близина на селото тече поток, наречен Сливничка Река, а јужно од селото тече поток наречен  Шуичка Река. Веднаш под селото се простираат песочни плажи кои се надалеку познати и многу посетувани од  туристи во летниот период. На 3 километри над селото во шумскиот предел се наоѓа познатиот Сливнички манастир. Овој манастир бил изграден во доцниот среден век кој бил посветен на Пресвета Богородица. Селото е едно од постарите села во Преспа, со долга историска традиција на постоење. Најголем дел од населението се занимава со сточарство и земјоделство и дел се занимава со риболов. Селото е исто така познато по најубавата и најчиста плажа во преспанскиот регион која спаѓа во една од најпосетените плажи во Преспанскиот регион од страна на странски и домашни туристи. Сливница исто така изобилува со повеќе цркви и археолошки локалитети кои се привлечни за туристичкото око.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација