Приватно сместување “Елена” Претор

Се наоѓа во туристичка населба Претор, на околу 1 километар од плажите и рестораните. Издаваат соби во куќа со посебен влез.

Контакт :

075/623-138 Елена

Галерија:

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Приватно сместување Тони – Претор

 

Се наоѓа во туристичка населба Претор, на околу 1 километар од плажите и рестораните. Издаваат соби во куќа со посебен влез. Куќата има голема тераса и летна кујна.

Контакт телефон: 070 458 335

Галерија

 

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

 

 

Остров „Голем Град“

     Голем град е најголемиот остров во Р. Македонија. Некои сметаат дека е единствен остров но сепак постојат помали речни и езерски острови во Р. Македонија. Островот Голем Град е долг 750 m, а широк 450 m, со највисок дел 50 m над езерото. Од сите страни островот е заобиколен со карпи со височина 20 до 30 метри. Островот е одалечен од околу две километри воден пат од селото Коњско. Островот не е населен но е богат со ендемски растенија, ретки птици како и цркви и археолошки локалитети како што се наоди, записи и слично кои укажуваат за долгите векови на населенопст на островот. Во островот можат да се пронајдат остатоци од населби од неолитот, старомакедонското и римското време и средновековието. Исто така, се откриени шест цркви а во островот постоеле дванаесет цркви. Најдобро е сочувана црквата Св. Петар која сеуште може да се посети. Островот Голем Град е уште познат како и змиски остров поради многубојноста на змиите кои преживуваат на островот. Во карпите до водата се кријат многубројни водни змии – белоушки. Тие змии не се отровни, но како влекачи се непријатни за посетителите. Во споредба со крајбрежните делови на Езерото, на островот владее поблага клима заради што на него ретко се забележува снег.  Островот најмасовно беше посетуван од окулу 100.000 посетители годишно, во седмата деценија на 20 век.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација