Приватно сместување – Владо Калевски – Сливница

Приватно сместување-куќа во село сливница од 80 м2 поседува 10 легла распоредени во 3 соби + кујна и дневна со заедничко купатило и дворно место и паркинг за возила. Цена за ноќевање по човек изнесува 250 денари. Можност за посета на Сливнички Манастир кој е одалечен 4km од село Сливница.

 

Галерија

ArrowArrow
Slider

Контакт

Телефон: 077/622-236

Адреса: с.Сливница

Resort „Coca“ – Сливница

Опис

Капацитет

-Ресторанот располага со 300 столици.

-Сместувачкиот капацитет располага со 40 приколки (4-кревети во секоја приколка, еден брачен и два поединечни кревети)

Паркинг (окулу 100 возила)

Работно време од 08:00h до 20:00h

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Контакт

Телефон: 075/476-475; 075-408-296

Адреса: Плажа Сливница

Сливница

     Сливница се наоѓа на надморска височина од 940 метри во југоисточниот дел на Преспанската котлина. Од градот Ресен селото е одалечено 16 километри, а од градот Битола е одалечено 45 километри. Низ селото и во близина на селото тече поток, наречен Сливничка Река, а јужно од селото тече поток наречен  Шуичка Река. Веднаш под селото се простираат песочни плажи кои се надалеку познати и многу посетувани од  туристи во летниот период. На 3 километри над селото во шумскиот предел се наоѓа познатиот Сливнички манастир. Овој манастир бил изграден во доцниот среден век кој бил посветен на Пресвета Богородица. Селото е едно од постарите села во Преспа, со долга историска традиција на постоење. Најголем дел од населението се занимава со сточарство и земјоделство и дел се занимава со риболов. Селото е исто така познато по најубавата и најчиста плажа во преспанскиот регион која спаѓа во една од најпосетените плажи во Преспанскиот регион од страна на странски и домашни туристи. Сливница исто така изобилува со повеќе цркви и археолошки локалитети кои се привлечни за туристичкото око.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација