Хотел Рива – Стење

Опис

Хотел Рива располага со 8 соби и 2 екскулузивни апартмани. Секоја соба поседува сопствено вц. Хотелот располага исто така со летна тераса со поглед кон езеро. Во ресторанот има минибар со разновидни високо квалитетни пијалоци.
Како поволности за гостите хотелот нуди бесплатен Wi-Fi интернет со сопствена Wirless зона.

Ресторанот располага со фурна на дрва, за вкусна храна – пица за сечиј вкус.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Контакт

Телефон:  071/381-040

Адреса: Плажа Стење

Стење

     Селото Стење се наоѓа на на надморска височина од 855 метри. Стење се наоѓа во близина на граничниот премин со Албанија, на западниот брег на Преспанското езеро. Стење е одалечено 23 километри западно од градот Ресен. Жителите на ова село во главно се занимаваат со земјоделство, одгледуваат јаболка, дел се занимаваат со риболов и слично. Во близина се наоѓа и село Коњско, последно од македонска страна сместено на тромеѓето. Од Коњско за многу кратко време со чамец може да се стаса до островот Голем Град. Жителите на ова село сметаат дека нивното село името го добило по стените кои го надвисувале на неговата првобитна локација. Селото Стење изобилува со повеќе ресторани,кафетерии и барови каде што можат да се вкусат повеќе преспански специјалитети и исто така се организираат летни забави кои се привлечни за младата популација. На неколку километри одалеченост од Стење, во карпите гостите можат да ја видат фреската насвета Петка.  Жителите раскажуваат дека  фреската е таму многу долго време, а се верува дека ја поставил рибар. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала истата. На тоа место тој поставил икона од светицата што го спасила.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација