Остров Мал Град

    Мал град е името на островот кој се наоѓа во Преспанското Езеро од Албанската страна кој е во близина на селото Пустец. Мал Град има површина од 0,05 километри квадратни и е на надморска височина од 860 метри. На островот се наоѓа црквата „Пресвета Богородица“ која се верува дека е изградена во 1369 година. Посетувањето на островот е главен „таргет“ на туристите кои сакаат да ги вкусат убавините на Мала Преспа.

Локација

Сливница

     Сливница се наоѓа на надморска височина од 940 метри во југоисточниот дел на Преспанската котлина. Од градот Ресен селото е одалечено 16 километри, а од градот Битола е одалечено 45 километри. Низ селото и во близина на селото тече поток, наречен Сливничка Река, а јужно од селото тече поток наречен  Шуичка Река. Веднаш под селото се простираат песочни плажи кои се надалеку познати и многу посетувани од  туристи во летниот период. На 3 километри над селото во шумскиот предел се наоѓа познатиот Сливнички манастир. Овој манастир бил изграден во доцниот среден век кој бил посветен на Пресвета Богородица. Селото е едно од постарите села во Преспа, со долга историска традиција на постоење. Најголем дел од населението се занимава со сточарство и земјоделство и дел се занимава со риболов. Селото е исто така познато по најубавата и најчиста плажа во преспанскиот регион која спаѓа во една од најпосетените плажи во Преспанскиот регион од страна на странски и домашни туристи. Сливница исто така изобилува со повеќе цркви и археолошки локалитети кои се привлечни за туристичкото око.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

 

Ресен

     Ресен се наоѓа на југозападниот дел на Р. Македонија во Преспанската котлина. Ресен има 8748 жители а севкупно во целата општина има 16.825 жители според последниот направен попис во 2002 година. Ресен е познат по преспанското јаболко затоа што во Ресенскиот регион се произведува повеќе од пола од севкупното производзтво на јаболка во Р. Македонија. Ресенското јаболко е претпознатливо по својот квалитет и затоа истото е доста барано во странските земји како што се Русија, Белорусија, Србија и слично.

     Една од позначајните градби во Градот Ресен е Ресенскиот сарај кој е изграден во неокласичен стил од страна на Ахмед Нијази-бег. Во Ресенскиот сарај се изложени експонати со кои се карактеризира Преспа. Исто така во Ресен е изградена спомен куќа на фамилијата „Татарчеви“ на истото место на куќата во која живеел Христо Татарчев кој бил еден од основачите на МРО и прв претседател на Централниот комитет. Во Ресен се организира манифестација наречена „Преспански јаболкобер“ која го одбележува почетокот на бербата на јаболката и спаѓа во еден од најголемите манифестации во регонот на кој што настапуваат естрадните уметници од македонска естрада и фолкрорни групи од странство.

Локација

Претор

     Претор е туристичко село кое се наоѓа на 992 метри надморска височина. Името селото го добило, односно е во тесна етимолошка врска со латинските имиња Претории и Преториј, за кои главен доказ се десетиците археолошки локалитети во селото. Претор е 16 километри одалечен од Ресен а окулу 43 километри е одалечен од Битола. Претор се простира покрај прекрасните брегови на преспанското езеро и преставува главна туристичка атракција за туристите кои го посетуваат преспанскиот регион. Претор е познат како туристичко место со најпривлечната плажа во преспанскиот регион воедно е и најпосетената плажа од страна на домашните и странските туристи во овој регион. Во ова туристичко место има неколку ресторани во кои можете да ги пробате преспанските специјалитети како и кафетерии и барови во кои се организираат летни забави во кои настапуваат звездите од македонската естрада. Селото изобилува со многу културни и природни знаменитости кои можат да се посетат како што се цркви, населби, некропола, осамен наод, вила рустика кои потекнуваат од бронзено, римско, хеленистичко време, среден век и сл.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Отешево

    Отешево е место во Преспанскиот регион кое се наоѓа  на брегот на Преспанското езеро на 830 метри надморска височина и е 17 километри одалечено од Ресен. Отешево изобилува со песочни плажи како и прекрасната природна околина и свежиот воздух кои ги привлекуваат  посетителите да ги избегнат градските гужви и да уживаат во овој природен мирен амбиент и во убавината со која сјае преспанското езеро. По крајбрежјето на околината на Отешево можете да пронајде ресторани во кои можете да пробате од преспанските специјалитети и да уживате во погледот кон преспанското езеро. Исто така во околината имате и патеки по кои можете да пешачите и да уживате во шаренилото од разни цвеќиња и треви кое го дарила природата.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација