Приватно сместување Тони – Стење

Приватно сместување Тони Стефановски издава соби се наоѓа во селото Стење во непосредна близина на плажата Стење. Имаат на располагање неколку соби дво креветни и трокреветни.

За подетални информации контактирајте го сопствреникот Тони Стефановски.

Тони 072727223

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Приватно сместување Марина Стење

 

Приватна куќа издава соби за туристи. Се издаваат трисоби со заедничка кујна, купатило и дневен простор.Цена на едно ноќевање изнесува 500 денари по соба. или 1200 денари за цела куќа.

Контакт: 076/ 406-630

7338758b-ef84-4dfb-ac06-7f30d665887c

b5a5b6d4-0a2e-4dfc-9c32-c171e47eb0e5

fac5fa28-ec54-4881-af78-e2a08339f427

Вила Костовски – Стење

Вила Костовски се наоѓа во центарот на село Стење и истата нуди сместување во двокреветни и трокреветни исоби со сопствена бања и тв, по пристапни цени. Маркет во близина (10м) а од плажата околу 100 метри.

 

Контакт: 070/506-160, 075/872-630, 078/587-130

Галерија:

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Приватно сместување Ѓоко – Стење

Соби во близина на плажата во Стење.

Цени за закуп:

Петкреветни соби : 1.200 денари за ден

Соба со кревет за двајца и единечен кревет: 700 денари за ден.

Контакт тел: 078/ 360-564 Ѓоко

 

,

 

 

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Хотел Рива – Стење

Опис

Хотел Рива располага со 8 соби и 2 екскулузивни апартмани. Секоја соба поседува сопствено вц. Хотелот располага исто така со летна тераса со поглед кон езеро. Во ресторанот има минибар со разновидни високо квалитетни пијалоци.
Како поволности за гостите хотелот нуди бесплатен Wi-Fi интернет со сопствена Wirless зона.

Ресторанот располага со фурна на дрва, за вкусна храна – пица за сечиј вкус.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Контакт

Телефон:  071/381-040

Адреса: Плажа Стење

Хотел РОТ- Коњско

Хотелот РОТ се наоѓа на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Грција и Република Албанија, во најужното населено место во Република Македонија, селото Коњско. Коњско се наоѓа на брегот на Преспанското езеро и е најблиско населено место до единствениот македонски остров Голем град. Најблизок град е Ресен оддалечен 23 километри од Коњско.

Хотелот РОТ почнува да се гради на почетокот на 2000 година а официјално е отворен за гости во јуни 2012 година. Сместен е на самиот брег на преспанско езеро со сопствена плажа. Во склоп на хотелот работи ресторан со сопствена кујна кој располага со прекрасни тераси со незаборавен поглед. Сместувачкиот капацитет го сочинуваат 7 соби со можност за престој од 16-20 гости.

Хотел РОТ на своите ценети гости им нуди најквалитетна храна од македонската национална кујна а посебно ги препорачува специјалитетите карактеристични за преспанскиот крај и селото Коњско како Циронката, Ѓомлезе, Крап на преспански начин, Растурен крап и многу други.

Сместувањето на гостите е во двокреветни соби најсовремено опремени според европските стандарди. Хотел РОТ нуди и организира посета со чамци на островот Голем Град.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Контакт

Адреса: Хотел Рот с.Коњско, Преспа-Р.Македонија

Телефон: 00 389 77 513 515; 00 389 75 240 691

e-mail: hotelrot@yahoo.com

Стење

     Селото Стење се наоѓа на на надморска височина од 855 метри. Стење се наоѓа во близина на граничниот премин со Албанија, на западниот брег на Преспанското езеро. Стење е одалечено 23 километри западно од градот Ресен. Жителите на ова село во главно се занимаваат со земјоделство, одгледуваат јаболка, дел се занимаваат со риболов и слично. Во близина се наоѓа и село Коњско, последно од македонска страна сместено на тромеѓето. Од Коњско за многу кратко време со чамец може да се стаса до островот Голем Град. Жителите на ова село сметаат дека нивното село името го добило по стените кои го надвисувале на неговата првобитна локација. Селото Стење изобилува со повеќе ресторани,кафетерии и барови каде што можат да се вкусат повеќе преспански специјалитети и исто така се организираат летни забави кои се привлечни за младата популација. На неколку километри одалеченост од Стење, во карпите гостите можат да ја видат фреската насвета Петка.  Жителите раскажуваат дека  фреската е таму многу долго време, а се верува дека ја поставил рибар. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала истата. На тоа место тој поставил икона од светицата што го спасила.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Остров „Голем Град“

     Голем град е најголемиот остров во Р. Македонија. Некои сметаат дека е единствен остров но сепак постојат помали речни и езерски острови во Р. Македонија. Островот Голем Град е долг 750 m, а широк 450 m, со највисок дел 50 m над езерото. Од сите страни островот е заобиколен со карпи со височина 20 до 30 метри. Островот е одалечен од околу две километри воден пат од селото Коњско. Островот не е населен но е богат со ендемски растенија, ретки птици како и цркви и археолошки локалитети како што се наоди, записи и слично кои укажуваат за долгите векови на населенопст на островот. Во островот можат да се пронајдат остатоци од населби од неолитот, старомакедонското и римското време и средновековието. Исто така, се откриени шест цркви а во островот постоеле дванаесет цркви. Најдобро е сочувана црквата Св. Петар која сеуште може да се посети. Островот Голем Град е уште познат како и змиски остров поради многубојноста на змиите кои преживуваат на островот. Во карпите до водата се кријат многубројни водни змии – белоушки. Тие змии не се отровни, но како влекачи се непријатни за посетителите. Во споредба со крајбрежните делови на Езерото, на островот владее поблага клима заради што на него ретко се забележува снег.  Островот најмасовно беше посетуван од окулу 100.000 посетители годишно, во седмата деценија на 20 век.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација