Стара чешма – Љубојно

Вилата Стара чешма во село Љубојно има на располагање 3 двокреветни соби, една трокреветна соба, една соба со четири кревети. Три соби имаат сопствено купатило а две соби делат едно исто купатило. Вкупниот капацитет за ноќевање е 13 кревети.

Цена за ноќевање со доручек – 800 денари.

Вилата располага со ресторан за 25 лица во зимски период и за 100 лица заедно со терасата која работи само летниот период. Вилата нуди традиционални јадења, риба како и мед од сопствено производство.

Контакти:
тел 1:+38970822642
тел 2:+38972629021
(Елида Станковска)

Галерија:

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

 

Вила Раскрсница – Брајчино

Вила Раскрсница Брајчино се наоѓа во подножјето на планината Баба со својот прекрасен врв Пелистер во Преспанскиот регион. Со надморска височина од 1100 м. Таа претставува прекрасна воздушна бања. Вилата има капацитет од 5 соби, секоја од нив има сопствено купатило. Гостите кои престојуваат во Вила Раскрсница може да собираат зеленчук од еколошка градина доколку сакаат подготовка на свежа и здрава салата. Оваа неверојатна сценографија создава слика на бајка и правигостите да се чувствуваат позитивни, опуштени и весели. Дишењето чист и свеж воздух, во комбинација со храна од домашно производство ќе биде невидено искуство. Резервации може да се направат само однапред. Сето ова може да се најде во селото Брајчино, кое се наоѓа на 6 км од Преспанското Езеро и 70 км од Аеродромот “Св Апостол Павле “- Охрид.

Контакт за резервации

075 796 796

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Брајчино

Селото е сместено на источниот дел од Преспанското Езеро, во една од подлабоките западни пазуви на планината Баба, во средишниот дел на живописната Брајчинска Река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 1000 метри.

Брајчино се наоѓа во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Ресен, чиј атар се издигнува до југозападниот срт на планината Баба, каде што се допира со атарот на Општина Битола, како и со државната линија на јужниот сосед. Се наоѓа 6 километри од езерото, а на 32 километри оддалеченост од градот Ресен.

Брајчино се граничи со следниве села: со Штрбово и Арвати на север, со подрачјето на Општина Битола (во тој склоп со селата: Нижеполе, Злокуќани, Острец, Граешница и Кишава) на исток, со селото Долно Дупени и територијата на Грција (во тој склоп со селото Герман) на југ и со селото Љубојно на запад.

Во областа Преспа, Брајчино има најголем селски атар. Се простира на површина од 6028 хектари (околу 60,28 км²) и безмалку зафаќа исклучително ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна и иглолисна шума (даб, бука, јавор, јасен, бор, ела, смрека и др.) и тревнати пасишта.

Низ селото тече бистрата и бујна Брајчинска Река, која го дели селото на Горно Маало од нејзината лева страна и Долно Маало на нејзиниот десен брег. Атарот на Брајчино изобилува со извори и брзи бистри водотеци (леви и десни притоки на Брајчинска Река или Стара Река, како што ја нарекуваат мештаните) на која некогаш во селото работеле 12 воденици и 4 валалници.

Брајчино е село од собран тип, со стари и нови куќи, сите на кат, градени од камен, а поновите од блок-тула, покриени со ќерамиди. Околу куќите постојат дворни места во кои се изградени стопанските и други објекти (плевни, штали, тремови, гумна, гаражи, магацини, фурни и др.), а во некои постојат зеленчукови и овошни градини. Поголем број од постарите куќи се обновени, а се изградени и нови.

Планинските падини околу Брајчино изобилуваат со густа букова и дабова шума, а од самото село почнувајќи од ширината на игралиштето пред Горното Маало водат неколку обележани планинарски патеки кои низ густата букова, дабова и ореова шума богата со извори водат кон врвот Пелистер (3 часа) и Големото Езеро од Пелистерски Очи (6 часа), планинарските домови Неолица и Копанки и селото Нижеполе во Битолско, кои се обележани со патоказни табли и планинарско обележување (маркација).

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Љубојно

Селото е сместено на околу 2 километри источно од Преспанското Езеро, во една од западните пазуви на планината Баба, во долниот тек на живописната долина на Брајчинска река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 920 метри.

Низ атарот на селото тече Брајчинска река кај љубанци позната и по името „Стара Река“), водоносна, брза и бистра, никогаш не пресушува. На нејзиниот јаз кој минува низ селото, до годините на Илинденскоо востание работеле 16 воденици, две валалници и девет казани за варење ракија.

За разлика од повеќето преспански села, во права смисла на зборот Љубојно е село од собран, дури збиен тип, со околу 350 куќи, градени наблиску или меѓусебно поврзани и правилно распоредени од двете страни на јасно создадените и делумно асфалтираните улици. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони. Двориштата во кои се наоѓаат останатите стопански објекти (тремови, штали, плевни, магацини, гаражи, фурни, бунари, гумна, и сл.) главно се оградени со високи авлии и широки порти. Денес, се обновуваат старите, но се градат и нови современи куќи. Селото Љубојно носи карактеристики на мала градска населба.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider