Connect beach – Сливница

Во близина на селото Сливница, на брегот на Преспанското езеро се наоѓа една од најубавите плажи во Македонија, плажата “Connect Beach”.

Забавата и релаксацијата никогаш не стивнува. Тука е ресторанот  во кој своето уживање ќе го најдат 360  гости а љубителите на рибните специјалитети – рибен ресторан со капацитет до  100 гости,  и кафе барот каде ладното пиво и слаткото кафе можат да го испијат дури 460 гости.

 13892103_1825377027699939_3040445060031776992_n

Конект бич е пространет на простор кој е модерен и елегантен, дизајниран да  ги импресионира дури и тие со највисоки стандарди.

Пред се,  покрај ресторанот и кафе барот, главно место зазема песочната плажа во должина на брегот на Преспанското езеро, опремена  со 1000 лежалки и 30 Вип –шеици, како и сопствен бесплатен паркинг за 2000 возила, како и VIP паркинг за 70 мотори.

Сакате да уживате во погледот кон езерото и да сте блиску до звуците езерските бранови?

Да, имате можност!  Удобни фотељи покриени со чадори, ви стојат на располагање на платформата над бистрата вода.

13921060_1823293647908277_99229400871413435_n

За оние кои сакаат сами да ги разгледуваат убавините на прекрасна околина, тука е пешачката зона уредена со патеки,осветлена со канделабри за вечерни прошетки и   зелен појас со повеќе од 200 садници.

Conect Beach се погрижиле и за добра забава и исполнет ден и за вашите најмили, децата. 2 парка и 2 одбојкарски игралишта, а вие само надгледувајте ги и чуствувајте се одлично.

Не е заборавен нитy музичкиот дел, секој ден е исполнет со богата програма со познати ДЈ , музички групи, концерти, забави уживање за сите вкусови во денот и во ноќните часови.

Уживајте во летни денови и имајте мигови за паметење  кои ви ги нуди ова бајковито место.

Галерија:

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider
Локација:

Контакт:

Телефони: +389 77 994 635,      +389 75 460 858

Приватно сместување – Владо Калевски – Сливница

Приватно сместување-куќа во село сливница од 80 м2 поседува 10 легла распоредени во 3 соби + кујна и дневна со заедничко купатило и дворно место и паркинг за возила. Цена за ноќевање по човек изнесува 250 денари. Можност за посета на Сливнички Манастир кој е одалечен 4km од село Сливница.

 

Галерија

ArrowArrow
Slider

Контакт

Телефон: 077/622-236

Адреса: с.Сливница