Приватно сместување – Владо Калевски – Сливница

Приватно сместување-куќа во село сливница од 80 м2 поседува 10 легла распоредени во 3 соби + кујна и дневна со заедничко купатило и дворно место и паркинг за возила. Цена за ноќевање по човек изнесува 250 денари. Можност за посета на Сливнички Манастир кој е одалечен 4km од село Сливница.

 

Галерија

ArrowArrow
Slider

Контакт

Телефон: 077/622-236

Адреса: с.Сливница

Манастир „Света Богородица“ – Сливница

     Манастирот „Света Богородица“ познат како сливничкиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа од околу 3 километри одалеченост од селото Сливница во густата листопадна шума на падините на Баба Планина.  Во комплексот има 20 конаци со 90 легла во кои за време на летото одат верници и таму преспиваат. Сливничкиот манастир е под водство на Преспанско-пелагониската епархија и е доста привлечен за домашните и странски туристи. Во манастрскиот комплекс има црква „Рождество на Пресвета Богородица“  која била посветена на Богородица.Истата е поставена на правоаголна основа на која на западниот дел од внатрешноста на црквата има натпис дека била изградена 1607 година. Прекрасните фрескописи се изработени од земјена боја, со зачуван живопис со стилски карактеристики на македонското зидно сликарство од 17 век. Поради специфичната камена градба манастирот е заштитен како културно историски споменик и спаѓа под републичкиот завод за заштита на споменици од културата. Во дворот на манастирскиот комплекс има чешма со лековита вода за која се верува дека е света и дека лечи од болести како и помага за пород. Водата се смета дека извира под манастирската црква. Лековитата вода им помогнала на повеќе брачни двојки кои подолго време биле во брак а немале деца.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација

Сливница

     Сливница се наоѓа на надморска височина од 940 метри во југоисточниот дел на Преспанската котлина. Од градот Ресен селото е одалечено 16 километри, а од градот Битола е одалечено 45 километри. Низ селото и во близина на селото тече поток, наречен Сливничка Река, а јужно од селото тече поток наречен  Шуичка Река. Веднаш под селото се простираат песочни плажи кои се надалеку познати и многу посетувани од  туристи во летниот период. На 3 километри над селото во шумскиот предел се наоѓа познатиот Сливнички манастир. Овој манастир бил изграден во доцниот среден век кој бил посветен на Пресвета Богородица. Селото е едно од постарите села во Преспа, со долга историска традиција на постоење. Најголем дел од населението се занимава со сточарство и земјоделство и дел се занимава со риболов. Селото е исто така познато по најубавата и најчиста плажа во преспанскиот регион која спаѓа во една од најпосетените плажи во Преспанскиот регион од страна на странски и домашни туристи. Сливница исто така изобилува со повеќе цркви и археолошки локалитети кои се привлечни за туристичкото око.

Галерија

Arrow
Arrow
ArrowArrow
Slider

Локација